Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, упати зборови на благодарност и поддршка за сите волентери во земјаа.

-На 5 декември, на Меѓународниот ден на волонтерите им оддаваме огромно признание на луѓето кои со својата работа и посеветеност го менуваат светот на подобро. Тоа се луѓето кои ги предводат социјалните промени ширум светот и со својата пожртвуваност го подобруваат животот на беспомошните и ранливите.
Оваа година волонтерите нè инспирираа со својата пожртвуваност за време на пожарите, како и нивната несебична поддршка во време на пандемијата со КОВИД-19, порача тој во својата објава.
-Денес e совршен повод сите ние да ја покажеме нашата благодарност за нивната неуморна работа и да ги охрабриме сите да учествуваат во креирање на еден подобар свет за сите, вели Николовски.