Денес е Светски ден на детето. На денешен ден 1989 година е усвоена Конвенцијата на Обединетите нации за правата на децата. Оваа конвенција е најшироко прифатен документ на Обединетите нации и е ратификуван од најголем број држави, споредено со кој било друг документ на организацијата на народите.
Северна Македонија 🇲🇰, како и сите други земји-членки на ОН 🇺🇳, со прифаќање на Конвенцијата за правата на децата, се обврза дека ќе ги почитува четирите основни принципи:
1⃣ Недискриминација;
2⃣ Придржување кон најдобрите интереси на детето;
3⃣ Правото на живот, опстанок и развој; и
4⃣ Правото на учество.
Децата се нашето најголемо богатство и сите сме должни да дадеме сè од себе, за да им оставиме подобар свет, а додека растат да ги уживаат своите права и да имаат безгрижно детство.
ФБ на Љупчо Николовски