-Денеска, 5-ти октомври, се одбележува Светскиот ден на учителите, ден посветен на вреднување на нивната благородна професија и нивната посветеност на позитивно делување на младата популација, порача вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски на својот фејсбук профил.
-На сите учители им се заблагодаруваме за посветеноста и придонесот што го дадоа за непречено одвивање на наставата во периодот на Ковид пандемијата.
Ви посакувам успешна работа и големи достигнувања, стои во честитката од Николовски.