Социјалдемократскиот сојуз денеска уште еднаш ја покажа својата хуманост на дело. Имено денеска генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски донираше 360 пакети во Св. Николе и Лозово со храна наменети за оние на кои им е најпотребна и неопходна во овој период.
„Дониравме 360 пакети со храна на кризните штабови во Св.Николе и Лозово – наменети за социјално загрозените семејства во овие населени места полесно да го поминат претстојниот период. Кризата е тест за секое општество, ги повикувам сите – да помогнеме каде што е потребно. Се надевам дека токму во овие тешки моменти ќе видиме многу хуманост и солидарност“, порача Николовски.