ljupcho nikolovski
ljupcho nikolovski

Работна група во која ќе бидат вклучени и надворешни експерти од различни области ќе состави ранг листа на кандидати за пратеници од редовите на СДСМ, по претходно строго утвдени критериуми од страна на партиското раководство. Конечната одлука за тоа кој од партијата ќе биде на листата пратеници, ќе биде донесена на Конгрес.

Ова во интервјуто за МИА го потенцира генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, кој истакна дека веќе се почнати постапките за избор на кандидати за пратеници, напоменувајќи дека имањата на кандидатите ќе стигнуваат од базата, од месните и општинските одбори, од Извршниот одбор и Градската организација, но постои и можност и за самокандидирање.

Теренските активности, вели Николовски им помагаат во креирањето на програмата за претстојните избори, а овој период го користат за одржување на 15 програмско-тематски трибини „Агенда 20-24“, во рамки на кои, како што рече, ја креираат програмата за мандатот во периодот 2020 – 2024, кој очекува дека ќе го добијат на изборите на 12 април.

Пред неколку денови одржавте Централен одбор на партијата на кој најавивте нов начин на утврдување на кандидатите за пратеници. Што ново ќе воведете во тој процес, што е различно од порано?

Како што соопшти и претседателот Зоран Заев, СДСМ започнаа постапки за избор на
најодговорните кандидати за пратеници од независноста па до сега. На локално, на општинско ниво веќе започнаа внатрепартиските процедури. Имињата на кандидатите ќе стигнуваат од базата, од месните и општински одбори, од Извршниот одбор и Градската организација, но секако постои и можноста за самокандидирање на личности, докажани индивидуи кои се кредибилни и препознаени во средината, кои ги поддржуваат нашите политики и може да ги надоградуваат, но не се дел од СДСМ. Ние постојано ја отвораме партијата за нови, свежи и квалитетни кадри, идеи
и проекти, така е и овој пат, можеби најмногу до сега. Низ транспарентна, инкулузивна и професионална постапка ќе дојдеме до најдобрите кандидати кои ќе се најдат на пратеничките листи. Со тие наши кандидати ќе победиме на овие избори и Парламентот ќе го унапредиме уште повеќе да биде дом на сите граѓани, дом во кој се носат прогресивни одлуки за доброто на народот, дом кој ја влече земјата напред. Ако можевме да ја отвориме Владата да биде најтранспарентна во регионот, ако можевме да ги надминеме етничките проблеми преку концептот едно општество, сигурни сме дека можеме да обезбедиме одговорен парламент, а со тоа и способна држава.