Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски истакна дека на денешната онлајн седница на Централниот одбор на СДСМ донесени се повеќе важни одлуки:

„Правиме нов чекор кон уште поголема демократизација на СДСМ.
Бидејќи претседател на СДСМ оваа година ќе се избира на непосредни избори, со гласање на секој партиските член, донесовме одлука и започнуваме постапка за ажурирање и регистрација на членовите на СДСМ.
– Усвоивме Кодекс за однесување на членовите и функционерите на СДСМ на што сум особено горд.
Највисоките стандарди за однесување на членовите на СДСМ се поставени, особено за носителите на јавни функции.
– Согласно последните статутарни измени денеска го формиравме и Форумот на пензионери на СДСМ.
Силен СДСМ, динамичен, стабилен, прогресивен, посветен на граѓаните и на татковината. Тоа е нашиот бренд!“, посочи Николовски.