Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, предновогодишно ги додели првите 13 договори од последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за Програмскиот период 2014-2020 во вредност од 1.3 милиони евра.
– Овие пари се инвестиции во набавка на нова опрема за производство, преработка или складирање на вино, месо и месни производи, овошје, зеленчук, легуминози, мелнички производи, живина и јајца како и за набавка на фотонапонски панели, порача Николовски и им честита на сите со желби за  успешна реализација на инвестициите.
414468453_902137554613415_8710056353150144457_n
– Ви благодарам за соработката и за довербата. Заедно успеавме да ги искористиме сите средства од ИПАРД 2 програмата и да ги инвестираме дома за помодерно и конкуретно производство, рече министерот.
414466865_902137694613401_1182113470305160255_n414461165_902137651280072_1272072770290040747_n414450519_902137591280078_5444947780848618936_n