Го препознавме потенцијалот на пчеларството и со измени во законот за земјоделско земјиште минатата година им овозможивме на одгледувачите на пчели да можат да користат државно земјоделско земјиште со закуп од 15 години за поставување на пчелни семејства, што не беше возможно.
Дополнително, преку измени на закон и нова мерка, младите пчелари до 40 години ги ослободуваме од плаќање на закуп во првите 3 години од договорот .
Пчелите се прогласени за најважни суштества на планетата Земја 🐝.
Затоа, нашата фитосанитарна служба и стручната комисија со големо внимание ги следат глобалните и европски текови. Веднаш по забраната за употреба на никотиноиди – отрови кои делуваат штетно по нервниот систем на пчелите од страна на ЕУ земјите, фитосанитарната управа донесе решенија за повлекување на 8 регистрирани производи за заштита од оваа палета.
Превенцијата и поддршката за развој на пчеларството се наш врвен приоритет.
Да го негуваме нашиот епитет – Honeyland !
Љупчо Николовски