Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска присуствуваше на најголемиот саем за вино Prowein Dusseldorf.

Prowein Dusseldorf е најголем саем за вино на кој нашите македонски винарии имаат можност да го претстават нашето убаво македонско вино, истакна Николовски.
Nikolovski1„Нашата поддршка како министерство за промоција и афирмација на македонското вино преку вакви саемски излагања ќе продолжи и во иднина.
Оваа година нашиот националниот штанд на најголемиот саем Prowein Dusseldorf го претставуваат винариите Тиквеш, Стоби, Бовин, Далвина, Попов, Мовино, ГД Тиквеш, Пуклавец, Венец, Камник, Езимит и Имако. Овој саем е добра можност на нашите винарии да остварат повеќе трговски средби и да започнат нови меѓународни соработки“, посочи Николовски.