Тиквешки семејни винари, веќе не треба да е само тиквешки туку и македонски, затоа што тука се изложувачи производители од целата држава, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешниот предновогодишен вински салон на мали тиквешки семејни винарии во Кавадарци.

319399655_520951533320764_6462651528176017146_n

Тој изрази задоволство што „Тиквешки семејни винари“ склучи договор со „Вина од Македонија“.

– Првпат имаме програма за поддршка на малите семејни винарии и доделени се 59 грантови од 10 илјади евра. Оваа програма ќе ја има и следната 2023 година. Обезбедени се 70 милиони денари за малите производители на вино, на храна и на дестилерии. Чекајте ја новата програма во јануари за малите стартап семејни винарии со грант од 10 илјади евра, рече министерот Николовски.

Тој посочи дека првпат новата програма ќе има за мали производители на храна од животинско и неживотинско потекло со грант од 10 илјади евра, а исто толку пари како грант се предвидени и за мали стартап дестилерии.

– Ова е богатството на нашата земја. Тука е нашата предност. Заедно ќе ја развиваме винската култура.

320233598_912959343421102_3865520619380945287_n

Тој посочи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство оваа година поддржало 70 манифестации, локални и со меѓународен карактер и сите добиле финансиска поддршка, вклучително и денешниот настан во Кавадарци.

Министерот Николовски рече дека поддршката на манифестациите ќе продолжи и следната година.

Инаку, на винскиот салон присуствуваа над 35 мали винарии, а посетителите имаа можност да се запознаат и дегустираат над 200 сорти вино, 30 сорти ракии, 30 вињаци и да вкусат храна од четири производители.

319355895_678042037105868_7735886308660778927_n

Организаторите на винскиот салон истакнаа дека целта на настанот е да ги поттикнат Македонците да купуваат производи од малите винарии.

319903884_560459462590497_8150781215324541344_n