-Спроведувањето на обуката на членовите на Владата за практична примена на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции претставува дел од препораките на ГРЕКО упатени до Република Северна Македонија, порача денеска вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски.

Со денешната реализација на обуката на денешната владина седница, Владата на РСМ уште еднаш ја покажа подготвеноста за неприкосновена и одлучна борба против корупцијата, етичкото однесување и постоење на вистинско ниво на интегритет на носителите на извршни функции, посочи Николовски.