Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска е во работна посета на Kавадарци.

– Обезбедуваме квалитетна вода за наводнување за сите земјоделци. Реконструирана и модернизирана “ПС Марена” во Кавадарци, порача тој оттаму.
Извршена е замена на старите пумпи и електромоторите кои беа дотраени и користени повеќе од 50 години, се направи Скада систем со кој ќе се следи работата на пумпите,
и е изврши и санација на доводниот канал до црпниот базен со поставување на механички решетки за зафаќање на гранки и алги кои ги носи водата по каналот, рече Николовски од терен.
Пумпната станица Марена наводнува површина од околу 2.000 хектари долгогодишни култури.

-Ставаме посебен акцент на навремено наводнување на земјоделските култури, кои се од исклучителна важност и се предуслов за современо земјоделско производство. Продолжуваме да работиме во интерес на земјоделците, рече Николовски.