Вицепремиерот за борба против корупција, човечки ресурси и одржлив развој денеска ја оствари првата официјална средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. Сирил Бомгартнер.
„Изразив голема благодарнот за сета помош и поддршка која Република Франција ја дава на нашата држава. Ги претставив задолженијата кои ги носи мојата функција како и досегашните активности и идни планови на мојот Кабинет“ – информира Николовски по средбата.
Вицепремиерот порача дека соработката со Франција ќе продолжи и во иднина.
„Соработката и поддршката во процесот на европските интеграции продолжува, пред се во делот на владеењето на правото и борбата против корупцијата“ – рече Николовски.