Невладиниот сектор е исклучително важен елемент во едно здраво демократско општество. СДСМ беше и ќе остане главен поддржувач на невладините организации кои значат поддршка на различни категории граѓани, но и важен мотор за обезбедување модерни и напредни политики. – порача денеска Љупчо Николовски, носител на кандидатската листа во ИЕ3 на средбата со претставниците на Невладиниот сектор во Виница.
Времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, времето на заплашување, на притисок и на етикетирање на невладините организации е далеку зад нас.
Николовски ги охрабри да продолжат со макотрпната работа за сите категории граѓани, за ранливите групи, за децата и за сите лица со посебни потреби, но и за развојот на човековите права и демократија.
Од мене, од СДСМ ќе ја имаат целокупната поддршка и помош. Бидејќи заедно и обединети можеме да направиме многу.
Само со партнерски однос ќе обезбедиме светла и просперитетна иднина. Затоа на 15-ти јули граѓаните без двоумење ќе се определат за европската опција што ја нуди СДСМ и Коалицијата, бидејќи докажавме дека знаеме како и дека #МОЖЕМЕ. – порача Николовски.