На денешниот форум „Контролирање на ризиците од корупција во кризни состојби“, по повод Меѓународниот ден борба против корупција, организиран од Советот на Европа, ги презентирав моите заложби и определбата на оваа Влада за воведување систем кој постојано генерира и испорачува правда, правна држава и поредок, посочи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Nikolovski1„Во изминатиот период фокусот го насочивме кон подигнувањето на меѓуинституционалната соработка, исполнување на препораките од ГРЕКО и промена на законските решенија. Дополнително, во соработка со програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, работиме на подготовка на физибилити студија за потребата од донесување на Закон за потекло на имот и капитал на лица кои извршуваат јавни финкции.
Се заложуваме за бескомпромисна борба против корупцијата преку широка и обврзувачка транспарентност, независно и отчетно судстсво и обвинителство, заштита на слобода на медиуми, институционална поддршка, независна ДКСК, нулта толеранција за откриени злоупотреби и подобри услуги кон граѓаните“, нагласи Николовски.