Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски узрази благодарност до локалното население, до сите совесни и хумани граѓани, до општинските власти и вклучените институции за присебноста и подготвеноста за помош при справување со огнената стихија и евакуација на населението.
Nikolovski55„Сите човечки и технички капацитети на институциите се ставени на располагање во справувањето со активните пожари и спречување на нивното понатамошно ширење.
Меѓународната соработка и солидаризација ни овозможуваат дополнителна мобилизација на техничка поддршка и обучени професионалци. Помошта од нашите соседи се очекува да пристигне во секој момент“, истакна Николовски.
Nikolovski77„Ова се моменти кога зачувувањето на нашите природни ресурси и спасувањето на човечки животи зависат од нашата свест, совест, емпатија и способност да комуницираме и да се координираме. Оттука апелирам за смиреност, реакција во согласност со препораките на институциите и само во случај на апсолутна подготвеност за соодветно дејствување како би спречиле дополнителни несакани последици.
Да се придржуваме кон изречените мерки, да помогнеме онаму каде што можеме и да излеземе од оваа ситуација посилни и сплотени“, посочи Николовски.