Земјоделците од Лозово се пример како максимално се користи можноста за закуп на земјоделското земјиште, кое го ставаме на располагање до земјоделците. Само во изминативме две години низ целата држава на располагање, до сите земјоделци, сме ставиле 17.956 хектари, државно земјоделско земјиште. Во општина Лозово, од 2018 година, под закуп се дадени 1.346 хектари државно земјоделско земјиште, истакна министерот Николовски на средбата со земјоделците од Лозово.

417450868_930573485103155_4202142037880495220_n

Преку последната измена на Уредбата за директни плаќања, која беше усвоена на последната владина седница, овозможивме непречена исплата на заслужените земјоделци, на кои во овие месеци за време на изборниот процес, имаат истечени или ќе им истачат договорите за закуп на земјоделско земјиште. Земјоделците, преку оваа измена ќе можат правото на субвенции да го остварат врз основа на старите договори, додека продолжувањето на договорите ќе се изврши веднаш по завршувањето на изборниот процес, продолжувајќи се на 15 години согласно последните измени во законот за земјоделско земјиште.

Во Лозово земјоделците покрај производство на житни култури се занимаваат и со производство на тутун, лозарство и сточарство.

Земјоделците производители на тутун од Лозово изразија задоволство од зголемената откупна цена на тутунот, која изнесува 365 денари. За оваа реколта субвенциите се зголемуваат за 20 денари по класи предаден тутун. Па така секој еден тутунар покрај овие 365 денари откупна цена на тутунот, би добил и 100 денари по килогам предаден тутун за прва класа, или вкупно 465 денари за прва класа тутун добива секој тутунар.

Тутунарите од Лозово како добра, ја оценија новата мерка за 6.000 денари субвенција по пријавена површина тутун. На овој начин, преку оваа нова мерка тутунарите стекнуваат право и за мерката зелена нафта со поддршка од 12.000 денари по хектар.

417503444_930605095099994_3965261993870122515_n

Сточарите од Лозово се задоволни од исплатата на дел од основните субвенции за 2023 година. Министерот Николовски нагласи дека како што беше даден збор исплатата на субвенциите за сточарите започна. Веќе основната субвенција е исплатена, а се обработуваат и дополнителните субвенции, додавајќи дека до почетокот на март месец за сточарите ќе биде реализирана и исплатата на дополнителните субвенции.

Министерот Николовски на средбата ги презентираше новите мерки кои од оваа година се ставаат на располагање на сточарите.

Сточарството е нашиот главен фокус оваа 2024 година, нагласи министерот Николовски. Од 4.000 на 12.000 денари се зголемува поддршката за женски грла говеда постари од 12 месеци. Поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет исто така се зголемува, од 400 на 1.000 денари. Ова зголемување следува откако во 2023 година, преку новиот систем за контрола предвиден со новиот модел за субвенционирање, ставивме ред, добивајќи ја реалната бројка на животни за кои се исплаќа финасиска поддршка.

Креирана е нова агроеколошка мерка за поддршка во одржување на ливадите, во висина од 6.000 денари по хектар, чија цел е да ги стави во функција површините со намена ливади и пасишта, за производство на храна за добитокот. Од досегашните 360.000 денари по овчар, на 620.000 денари се зголемува платата за овчарите, помагајќи им на сточарите во трошоците за ангажирање на работна сила за чување и напасување на добитокот.

Креираме мерки за одржливо и развиено македонско земјоделство, според потребите на земјоделците, рече Николовски.