Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство министерот Николовски одржа работен состанок со сточарите од здруженијата Современ овчар и Знак за квалитет, на кој директно им ги презентираше новите мерки за поддршка на овој сектор со кои 2024 ја промовираме како година на сточарството.

417418955_925130028980834_2796476755459442662_n

На состанокот, министерот Николовски ги информираше сточарите дека до крајот на оваа недела ќе бидат исплатени 30% авансни субвенции за 2023 година. Од страна на Платежната Агенција, веќе се прибираат податоците од кланичните капацитети и млекарници, со цел навремено да се подготви и исплатата на дополнителните 70% од субвецниите за 2023 година. По целосната обработка на овие податоци, до почетокот на месец март, ќе следува исплатата на дополнителните субвецнии, во еден ден со едно решение кон сите сточари.

„Ова значи дека во текот на овие два месеци сточарите во целост ќе ги добијат своите субвенции за 2023 година, а на крајот од 2024 година сточарите како и другите земјоделци повторно ќе добијат авасни 30% за субвенции за оваа тековна 2024 година. Но, освен оваа исплата, она што најмногу ќе им значи се новите мерки каде финансиската поддршка е значително зголемена” изјави министерот Николовски.

417508373_925129965647507_4675128084683895343_n

Поддршка за новите новите мерки на состанокот дадоа и сточарите. Добивме збор од министерот и директорот на Платежната Агенција дека од оваа недела започнува исплатата на субвенциите во сточарството, што е за поздравување, и сточарите субвенциите ќе ги имаат навремено до март месец, истакна во својата изјава Насер Џемаили, потпретседател на Сојузот на одгледувачи на овци “Современ овчар”. Тој додаде дека мерките што се креираат со министерството даваат резултати и во овие две години бележиме раст на сточниот фонд. Мерките за 2024 година дополнително ќе дадат поголем мотив и поддршка за сточарите истакна во изјавата Џемаили по средбата.