Царинската управа денеска одбележува 29 години од своето постоење како самостоен државен орган.
По тој повод честитка упати вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Царинската управа е чувар на нашите граници, финансиските интереси, здравјето и животот на граѓаните на нашата држава. Институција која е исклучително важна во градењето имиџ на европска и современа држава.
Царинските работници веќе втора година работат во време на пандемија од коронавирусот и како прв контакт, лице на државата се постојано изложени на зголемени ризици. Им благодарам и им посакувам да продолжат со своето успешно дејствување, безбедно и во добро здравје.
Почитувани царински работници, честит Ден на Царинската управа!“, истакна Николовски.