Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски упати честитки по повод одбележувањето на 75-годишниот јубилеј на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.
-Упатувам искрени честитки по повод јубилејните 75 години постоење на земјоделскиот факултет,еден од најзначајните и најстари факултети при УКИМ. Факултетот за земјоделски науки и храна создава трајни вредности документирани преку многу генерации на студенти, магистри и доктори на наука кои еден ден и самите ќе остават свој личен печат и ќе придонесуваат за понатамошен развој на земјоделскиот сектор, порача Николовски.
-Заедно креиравме многу мерки досега, мерката Рурална жена, млад земјоделец мерките за смарт земјоделство, воведовме месечни стипендии за студентите, и ги вклучуваме во креирањето на земјоделските политики со цел да ги мотивираме уште повеќе. Честитки до деканот Танасковиќ, за сите заложби со кои успешно го промовира факултетот и кадрите кои биле, се, и ќе бидат дел од неговата историја, вели министерот Николовски.
-Во чест на академик Ѓорги Филиповски, кој со неговите значајни активности од наставно научната и општествена дејност, од денес земјоделски факултет ќе го носи неговото име. 75 е навистина бројка за почит. Искрено посакувам да продолжите да ги споделувате вредностите со уште многу идни генерации и студенти со кои сите ќе се гордееме, дециден е Николовски.