Вицепремиерот за броба протв корупција Љупчо Николовски на својот ФБ профил упати честитка по повод Денот на албанската азбука.
„Пред 112 години, на овој ден, видни албански интелектуалци од целиот Балкан, во Битола ја унифицираа албанската азбука. Со унифицирањето на азбуката, албанското писмо стана дел од рамноправните, модерно формирани писма и богатство на светското културно наследство.Ви го честитам 22 ноември, Ден на албанската азбука.“ – порача Николовски.