Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски упати честитка по повод Рамазан Бајрам.
– Честит Рамазан Бајрам на сите мои пријатели, на сите припадници од исламската вероисповед, и на сите граѓани кои денес го чествуваат овој голем муслимански празник.
Во духот на празникот да ја шириме добрината, човечноста, меѓусебната почит и добрата мисла.
Токму тоа се вредностите кои не обединуваат и за кои се залагаме.
Честит Рамазански Бајрам! – напиша тој во честитката.
Сподели
Facebook