-На мое големо задоволство, денеска потпишавме Меморандум со Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia кој има за цел пошумување на опожарените површини опфатени со шумските пожари во период 2020/21 година, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски од кривопаланечкото село Петралица каде се реализираше акција за пошумување.

318157652_681435066683666_4220079171918107712_n-Се приклучувме на зелената приказна и заеднички, со нашата експертиза и институционалната поддршка придонесуваме кон подигнување на свеста за животната средина, екологијата и волонтерството. Со денешната акција на пошумување во Петралица, најавуваме дека 2023 ќе биде година на зелена транзиција, посочи Николовски.

317469221_681471460013360_1999817616763792321_nАкцијата се спроведе заедно со младите љубители на природата – извидниците од извидничките одреди “Скаут” и “Наум Наумовски Борче”, каде  на опожареното подрачје во село Петралица беа засадени над 100.000 садници од бор и багрем.

317738846_681471643346675_1152834808593530563_n-Наша цел е зелена транзиција и еве веќе четврти викенд по ред, имаме големи акции на пошумување ширум државата. Оваа акција која денес ја реализираме е составен дел од Програмата за проширена репродукција за развој и унапредување на шумскиот фонд, вели ресорнот министер.

317515125_681471696680003_2485801857276814871_n317616040_681471513346688_6406669438750625396_n