– Се исплатија над 1,2 милиони евра на 2.048 лозари, го решивме долгогодишниот проблем на лозарите, Владата го исплати долгот на винарските визби Повардарие, Стефани и другите регистрирани винарници за предаденото грозје во 2014 и 2016 година, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на средбата со жителите од Дисан.

 

-За да овозможиме исплата на уште околу 680 лозари, кои не беа опфатени во претходната исплата на долгот направивме измени на Законот за земјоделство и рурален развој. За нив во моментов се собираат податоци за транскациски сметки за да се реализира исплатата. Со измените за Законот за вино ги олеснивме условите за производство на вино на малите винарии и на физичките лица производители на вино, потенцира Николовски.