Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствaри средба со претставници од OECD за ефикасноста на словенечката помош во државата, во организација на Амбасадата на Словенија во нашата земја.

На средбата се дискутираше за ефикасноста на словенечката помош во нашата земја.

417485650_929298908563946_2672768146367314205_n
– Соработката помеѓу нашите пријателски земји е голема во областа на земјоделството. Наводнувањето на земјоделските површини е сегмент на кој посветено работиме. Со поддршка од Словенија го надградивме хидросистемот Злетовица со што се обезбедува водоснабдување на пет општини, Пробиштип, Штип, Свети Николе, Карбинци и Лозово, порача Николовски.
– Во моментов за нас најважна е соработката која се остварува со Националниот сојуз на млади на Република Словенија, по чиј пример ќе биде формиран и Сојуз на руралната младина тука кај нас. Наши млади земјоделци остварија студиска посета во Словенија и имаа можност да се запознаат со успешните модели на функционирање на младите фармери и добрите практики на ЕУ, со што ќе се поттикнат младите земјоделци на воведување на иновации и модерни технологии на сопствените фарми, вели министерот.

417439020_929298955230608_1739446470206938650_n
– Македонските компании редовно земаат учество на АГРА, каде даваме силна поддршка за нивна промоција. Дополнително, голема е поддршката од Словенија во евроинтеграциските процеси на нашата земја. Голем број словенечки експерти го помогнаа процесот на усогласување на законската регулатива со ЕУ, а преку ИПА проектите е обезбедена значајна поддршка во процесот на институционално зајакнување на МЗШВ и сродните институции со цел да се исполнат стандардите и критериумите на Европската Унија, порача министерот Николовски.