Петре Шилегов е #Најдоброто за Скопје!, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Со Петре се работи. Секој еден кој имал причина да соработува ќе потврди дека до Петре можеш да допреш, со Петре се зборува, знае да чуе и да сослуша, секогаш е спремен да помогне.
Важно беше на чело на Скопје да дојде човек кој не ги дели граѓаните по национална и верска припадност, за да видиме и почувствуваме на своја кожа колку може да е добро во Скопје.
Требаше да дојде човек, за кој Скопје е многу повеќе од роден град. Кога сите кренаа раце од Скопје, тој влезе со полно срце и верба дека сепак од тоа извештачено и наказено Скопје 2014, ќе направи град со душа на кој повторно скопјани ќе гледаат со љубов.
Јасно беше дека во еден загаден град ќе треба да почне од длабок минус со големи штети. Го видовме меѓу граѓаните и кога требаше да се чисти и кога им требаше култура. Соочен со сите предизвици и изложен на најдолни удари од опонентите кои на Скопје му донесоа само хаос, тој продолжи да го спроведува зацртаното“, посочи Николовски.

Николовски нагласи дека велосипедските патеки, зелените површини трансформирани од запустени сметишта и диви депонии, парковите, патиштата, мостовите се само дел од она во кое Шилегов вложуваше во изминатите години.

„Поважно, Петре вложуваше во хуманизирање на Скопје, и тоа мора да продолжи.
Петре не е градоначалник кој садеше палми, врби, градби од стиропор, туку се посвети на трајни решенија за многу проблеми на скопјани да бидат решени за неколку децении во иднина.
Скопјани ова го знаат и ќе го вреднуваат она што го имаат, на 31-ви октомври, во недела.
Затоа Петре, сите стоиме рамо до рамо со тебе, напред во победа!
Обединети во прогресивноста! Обединети за Скопје! Обединети за Петре!“, истакна Николовски.