Премиерот Талат Џафери, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска извршија увид во изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

417570967_942519090575261_1781978741416335571_n

Експресниот пат е дел од европскиот Коридор 8, стратешки проект за Северна Македонија и Владата на Република Северна Македонија инвестира сериозни средства за негова доизградба и модернизација.

Овој експресен пат кој е со должина од 25,5 километри се гради во две фази и се очекува да биде завршен до крајот на оваа година.

420193983_942519263908577_5612464703893778940_n
– Експресниот пат Страцин – Крива Паланка е од исклучително значење за развој на североистокот. Ние што потекнуваме од овој крај најдобро знаеме колку беше запоставен североистокот, но и колку секојдневно се боревме овие години, да се развива североистокот, да има градежна експанзија како денес и тоа што недостигаше во минатото, да се надомести во овие години, порача Николовски.

417529370_942514190575751_3109728951697792373_n
– Колку што се радуваме и очекуваме што побргу овој проект да заврши, толку се чудам зошто, на крајот, пред самото завршување со реализацијата на овој капитален проект од над 100 милиони евра, како дел од Коридорот 8, се наидува на една блокада од Комисијата за финасирање при Собранието и не се дозволува истиот да се заврши. Токму од тука ја праќаме пораката до сите пратеници, да се одважат, ова не е нечиј личен интерес, ова не е партиски или политички интерес, овој проект е интерес на граѓаните, на североистокот и веднаш треба да се донесе законот со кој се овозможуваат 14 милиони евра грант и 31 милиони евра заем за финализирање на овој проект. Верувам дека разумот ќе надвладее и дека оваа 2024 година граѓаните ќе го користат овој пат, порача денеска од терен министерот Николовски.

417492622_942519183908585_577488338075566074_n417569335_942519030575267_4337732785790675931_n