Навечер е уште поубава глетката! Пред неколку дена споделив фотографии од отворањето на првиот пешачки мост на река Брегалница во Делчево, но овие нови ноќни ремек-дела морам исто така да ги споделам – порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на својот ФБ профил.
Да продолжиме да го разубавуваме истокот и понатаму. Имаме уште многу за правење. Можеме уште повеќе и уште подобро! – истакна Николовски споделувајќи фотографии првиот пешачки мост на река Брегалница во Делчево кој беше пуштен во употеба пред два дена.