Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во најновото интервју за порталот Бриф детално одговара за новиот модел за субвенционирање, можностите кои ги нуди, очекуваните резултати и ИПАРД 3 програмата…

Новиот модел на субвенционирање го најавувате како реформа во секторот или одговор на критиките од земјоделците и јавноста за немање позитивен ефект од поделбата на буџетските средства наменети за земјоделците и земјоделското производство?

-Реакциите и критиките за досегашниот систем на субвенционирањето доаѓаа од сите страни. При теренските средби со земјоделците, тие се жалеа на задоцнета исплата, земјоделците чија основна дејност им е земјоделството се жалеа дека немаат никаква предност во искористување на поддршката пред другите граѓани, кои исто се занимаваат со земјоделство. Реагираа и граѓаните кои не се вклучени директно во секторот земјоделство, но со своето работење придонесуваат во реализација на приходите во буџетот на државата, велејќи дека многу пари одат во земјоделството, а ефектите се мали. Во таа насока ние како Министерство заедно со Платежната агенција и со стручната јавност започнавме една сеопфатна анализа на досегашниот модел, барајќи решенија за сите досегашни слабости кои досегашниот систем за субвенционирање ги има. Постојниот модел за субвенционирање не ги даде очекуваните резултати, а тоа е така затоа што кога е правен досегашниот систем за субвенционирање повеќе гледале на онаа популистичка страна. Милионски суми од буџетот се издвојуваат за субвенции и поддршка на секоја одделна култура, а резултатите споредено со поддршката се незначителни. Токму затоа храбро се одлучивме да започнеме со реализација на досега најголемата земјоделска реформа, преку подготовка на нов модел за субвенционирање. Наша цел е земјоделците да го произведуваат она што ѝ е најпотребно на државата, за задоволување на домашните потреби со храна, а не да произведуваат она за што има најмногу субвенции. Мораме да сме одговорни пред сите граѓани, особено во вакви сериозни моменти кога се наоѓаме во светска криза. Средствата од буџетот што се одвојуваат за земјоделството мора да имаат развојна компонента, мора да прикажат видливи резултати, односно да имаме поголемо домашно производство на храна, кое ќе ги задоволува сопствените потреби и ќе ја намали увозната зависност. Само на овој начин можеме да ја оправдаме довербата на сите граѓани.

Интервјуто во целост прочитајте го на следниот ЛИНК.