Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на гостувањето во емисијата „Студио 10“ на телевизијата 24, меѓу другото најави и дека субвенциите за тутунарите ќе се исплатат до крајот на април.

„Целта на новиот модел на субвенционирање беше брза и навремена исплата на субвенциите, што е битно за земјоделците да ги имаат парите кога им се потребни. Оваа година за само два месеци се исплатени над 60 милиони ервра кон 78.000 земјоделци. Платежната агенција беше целосно подготвена и апликациите за субвенции се исплатени. Започна исплатата на лозарите, на поледелците за житните култури, на градинарите, сточарите и денеска можам да најавам дека тутунот, кој секогаш се исплаќал многу подоцна, оваа година ќе се исплати до крајот на април. Бидејќи годинава имавме рекордно добар тутун, кој беше класифициран како прва класа, а согласно новиот модел на субвенционирање, мотивираме квалитет, и кај тутунот ги зголемивме субвенциите за тие кои имаат прва и втора класа, износот ќе биде околу 26 милиони евра и ќе биде исплатен кон сите тутунопроизводители, а исплатата ќе се реализира до крајот на април.“, информираше Николовски.