-Заеднички со Панчо Минов ги решивме проблемите кои ги наследивме од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Кога имаше три ипол милиони евра долг кон лозарите, успеавме со Минов 2700 лозари да ги добијат парите на сметките. Со Минов го донесовме новиот закон за вино, измените на законот за земјоделие и рурален развој. Буквално заеднички донесовме нови мерки и политики за многу повеќе пари кај земјоделците, рече генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во вечерашното госување во „Том тема“ на ТВ Телма.