Владата преку директна и конструктивна соработка со локалата власт е тука да помогне на сите граѓани во Битола кои претрпеле штети од земјотресот. Ова денеска во Битола го соопшти вицепремиерот Љупчо Николовски кој заедно со дел од владиниот тим остварија средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
-По изготвувањето на извештајот за проценка на штетите, Владата ќе обезбеди соодветна финансиска помош со која на граѓаните ќе им се обезбеди покривање на трошоците. Интересите и грижата за граѓаните е над се друго, особено во вакави тешки моменти и заеднички ги ставаме на располагање сите капацитети за да помогнеме во надминувањето во вакви состојби, порача Николовски.