СДСМ постојано се менува и победува, и тоа е рецептот за сето она што успешно го работиме и сите заедно сме сервис на граѓаните, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
„СДСМ е предводник на сите промени, и тоа го гледаме. Ние после изборите продолживме со градење на системот, со нов кодекс на однесување на функционерите, со промени во дел од општинските организации, со постојани промени во комисиите и партиските тела, го направивме првиот дигитален конгрес, не бегаме од соочувања, ги отвараме дебатите“, посочи Николовски.
Николовски потенцираше дека секогаш во партијата се подготвени на дебата на различни теми, и дека воопшто не е чудно да се имаат различни мислења и ставови.
„Ние имаме министри кои не се членови на СДСМ, и сме шаронелика партија и ние го храбриме и крепиме тој однос, отвореноста, дебатата, и низ било каква постапка ги носиме одлуките, затоа не е чудно за различни прашања да дебатираме. Конечно, левичарската влада на Зоран Заев се избори против затвореноста и окоупираноста на институциите и кон сите сегменти имаме раст во делот на слободата и демократијата за која се боревме. И затоа не е чудно да имаме различни мислења во различни сегменти во партијата“, нагласи Николовски.