Граѓаните треба да знаат дека во овие тешки моменти на светска криза, наоѓаме начин, креираме соодветни мерки како би се ублажиле последиците во овој неизвесен период, потенцираше вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во 24 Анализа на Телевизија 24.
Во моментов е свикан итен економски совет каде се разговара за состојбите, се разгледуваат сите мислења и анализи заедно со експертите. Владата со сите напори, со сите капацитети и ресурси, ќе излезе со предлог мерки за поддршка на граѓаните, потенцира Николовски.