Ако нешто не научи периодов, тоа е дека инвестиции во здравството се апсолутно потребни. Тоа и го правиме, на тоа ќе бидеме фокусирани и понатаму, истакна генералниот секретар на СДСМ и носителот на листата во ИЕ 3, Љупчо Николовски.

„Затекнавме комплетно нефункционално здравство, знаат лекарите како се водеше здравството порано. Од најреспектабилна професија ги оставија понижени.
За неполни три години овозможивме подобри услови за работа и обезбедивме зголемување на платите за здравствените работници до 40 проценти.

Општите лекари во јавното здравство имаат плата од 40.100 денари, лекари специјалисти – 60.600 денари, а специјалистите во наставен кадар имаат плата од 71.000 денари.

Медицинските сестри во јавното здравство со средно образование имаат плата од 23.550 денари, со вишо и високо образование над 31.000 денари.

Продолжуваме со изградба на новата Клиничка болница Штип. Пациентите мора да добиваат соодветна нега, а здравствените работници мора да се добро платени.
Инвестираме во нови и проширени постоечки капацитети на дневни болници, вложуваме 33 милиони евра во одделенијата за интензивна нега, ќе обезбедиме 70 нови возила за итна медицинска и секоја година редовно ќе се обновува возниот парк. Времето на одговори на итна помош ќе се скрати на 10 минути во урбани средини и до 20 минути во рурални средини.

Да не го запираме прогресот! Да не се враќаме во несигурност и страв“, потенцираше Николовски.