-2022 година беше година со многу предизвици, но со бројните мерки и политики кои ги преземаме за поддршка на секој земјоделец, ние ги преточивме во успеси, обезбедуваме доволно храна за сите граѓани и го стабилизираме домашното производство на храна, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во гостување во “Здраво Македонијо” .
Николовски потенцирадека оваа година имаме добар откуп на тутунот, со добар квалитет и досега највисока откупна цена од околу 290 денари и најголема откупена количина од прва класа.
-Заедно со 80 денари субвенции за откупен тутун во прва класа доаѓаме до вкупна цена од 370 денари по килограм. Со новиот буџет за 2023 година имаме историски највисока поддршка во земјоделството што е уште поголем поттик да вложуваме и инвестираме во нашите македонски земјоделци, појаснува Николовски.