„Неформалната економија ја храни нелојалната конкуренција и ги зголемува ризиците од корупција и криминал“, порача вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки рерсурси, Љупчо Николовски на денешниот хакатон „Хакирај ја сивата економија“, во организација на “Асоцијацијата за е-трговија на Македонија”.

Со овој настан, како што рече Николовски, се започнува со пронаоѓање на применливи решенија кои ќе придонесат за сузбивање на неформалната економија и намалување на корупцијата.


„Ентузијазмот на младите професионалци носи нови, свежи идеи кои нудат креативни решенија за надминување на општествените неповолни појави. Еден од начините за искоренување на овие две појави кои вообичаено одат заедно, е дигитализацијата, на којашто ставаме посебен фокус и во усвоениот #ПланЗаБорбаПротивКорупција.“ – вели вицепремиерот.
„Вложуваме во дигитална реформа, бидејќи препознавме дека ова е еден од начините преку кои ќе се избориме со корупцијата и криминалот, и ќе успееме и да изградиме подобар и пофункционален систем. Колку повеќе е елиминиран човечкиот фактор, толку е помал ризикот од корупција. Подготвени сме за носење на храбри одлуки, за генерациски промени, имаме политичка волја, и нема отстапување.“, дециден е вицепремиерот Николовски.