Во политиката треба да се влегува чесно и одговорно, секој од нас треба да го даде својот влог и придонес и да одработиме за доброто на граѓаните, истакна вицепремиерот за борба против корупцијата, но и иден министер за земјоделство, Љупчо Николовски во денешното гостување во Утрински брифинг.

„Јас не сум од тие што сметаат дека треба да бидат во политиката 30 години, заради успесите и резултатите одам во истиот ресор во којшто бев пред оваа позиција.
Во мојот мандат 2017-2019 се постигнати најдобрите успеси во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ова се фактите и аргументите поради кои прифатив повторно да бидам министер во ова министерство и да продолжиме да придонесуваме за развојот на земјоделството“, посочи Николовски.