“Во неготинскиот регион во изминатите 2 и пол години преку ИПАРД исплатени се близу 332.000 евра, младите земјоделци поддржани се со исплата на преку 45.000 евра неповратни средства, а склучени се и 13 договори за вкупно 130 хектари за закуп на државно земјоделско земјиште.” – истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на средбата со земјоделците во с. Пепелиште, Неготино, каде имаше прилика да се запознае со Трајанка Златковиќ, која преку ИПАРД програмата аплицирала за трактор и мулчер, а по набавката на истите на сметката ѝ се вратени 793.000 денари.
“Продолжуваме да вложуваме во развој на земјоделството во целата држава!” – вели Николовски.