Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денешното попладне го искористи да го посети Музејот на современата уметност.
„Заедно со министерката за култура, Ирена Стефоска ја погледнавме изложбата посветена на визуелна уметност во Република Северна Македонија, од 70-те и 80-те години на 20 век.
Овој Музеј постои повеќе од 50 години и располага со исклучително ретка, разновидна колекција од домашни и меѓународни автори“, истакна Николовски.
Nikolovski2Николовски потенцираше дека колекцијата е собирана на оригинален начин, со донација од страна на авторите и е сочинета од 5000 дела.
Nikolovski3„Културата е темел на нашата иднина, основа за долгорочен развој. Музеите се лулка на културата, посредници помеѓу минатото и современоста, преносници на традицијата до идните генерации. Нашата цел е да го развиеме културниот идентитет и да го заштитиме културното наследство!“, посочи Николовски.