Карбинци е земјоделски регион, затоа денешниот ден го искористив да ја посетам земјоделската задруга „Илинден“, каде земјоделците заеднички, успешно работат и придонесуваат кон развој на земјоделството, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Ме радува што се зголемува интересот на земјоделците да се здружуваат во задруги. Ова е резултат на континуираната поддршка изминатите четири години на Владата предводена од #СДСМ за поддршка на задругарството, како еден од условите за сигурен пласман и конкурентност на нашите земјоделски производи. Во периодот од 2017 до 2021 се регистрирани 18 нови задруги, што говори за фактот дека интересот за здружување на производството станува се поголем.
СДСМ стави посебен акцент на развојот на земјоделството. Го вративме достоинството на македонскиот земјоделец.
Продолжуваме да се грижиме и да го развиваме македонското земјоделство“, посочи Николовски.