Љубиша Николовски, новинар, во вечерашното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија со став дека никој не може да се грижи за здравјето на граѓаните од самите граѓани и дека пандемија за еден месец не се решава.

“Она што мене ми пречи е што се спомнува здравјето на граѓаните, сите знаме дека е важно, но не би сакал до таа мера да се доведува во врска со изборите. Бидејќи изборите се општествено-политички чин и не ми се допаѓа кога сега сите се грижат за здравјето на граѓаните. Оваа држава има една институција, тоа е таа јавна здравствена институција која одлучува според насоки од СЗО и некои други фактори кои покажуваат кога е најдобро да се одржат изборите.

Не гледам некоја особена динамика со ситуацијата со коронавирусот, односно и во јули и во август ќе биде исто. И верувам на СЗО дека тоа ќе бие дел од нашиот живот. Ако е така тогаш ние никогаш не треба да имаме избори? Се плашел лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во време на избори да не дојде до некој смртен случај или зголемен број на новозаразени луѓе ако биле во јуни. А ако истото се случи во септември, тогаш кој ќе ја понесе таа одговорност, бидејќи тоа ќе биде нивниот термин. Во случајов ако има избори во јуни одговорноста ќе падне на оваа здравствена власт. Сите лицитираат кога ќе биде подобро, а нема да биде подобро.

Колку е таа голема разлика дали луѓето ќе излезат на денот на изборите кога и сега гледаме дека еден куп луѓе и сега излегуваат и шетаат. Ако има институција која ќе каже дека во јули помалку ќе има корона, излезете сите, тогаш да. Ама нема таква институција ни во Македонија, ни во Кина. Значи, ризикот е наш. Ако тие се плашат да излезат сега во јуни на избори, нека им кажат да седат дома. За еден месец пандемија не се намалува” – додаде Николовски.