-Во СДСМ има место за сите и ние тоа сме го покажале во последниот период, порача денеска вицепремиерот и екс-генерален секретар на партијата Љупчо Николовски во денешното интервју во Утрински брифинг
-Доаѓа еден неповторлив период од две и пол години во којшто очекуваме да нема избори и да има преговори за членство во Европската Унија. Затоа не само луѓето и капацитетите од СДСМ, сите треба да се вклучат, без оглед на партии и разлики, да дадат придонес и да зачекориме по европскиот пат, дециден е Николовски.