Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски по повод 19-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор порача дека како одговорна партија продолжуваат да го градат концептот „Едно општество за сите“.

„Со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор пред 19 години беше ставен крај на конфликтот, а државата отвори ново поглавје на интеграција, соработка и напредок.19 години од потпишувањето на Охрдскиот договор, Република Северна Македонија е држава пример за добри меѓуетнички, но и добрососедски односи.

Како одговорна партија остануваме посветени на градење на концептот Едно општество за сите кое води кон интеграција, Република Северна Македонија веќе е членка на НАТО, следува членство во ЕУ. Заедно можеме!“ – напиша Николовски.