За само три години, Владата предводена од СДСМ, преку вложувања во сите сегменти – инфраструктура, опрема, терапија, персонал овозможи функционално и квалитетно здравство за сите, порачаа денес од СДСМ.
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во објава на својот ФБ профил, се осврна на инфрастуктурните зафати и проекти во здравствениот систем:
✅ Подобрени се условите во 30 јавно-здравствени установи
✅ Струмица доби нова општа болница по 33 години
✅ Отворен е нов ургентен центар во Куманово
✅ Обновени се службите за итна медицинска помош во Битола и Велес
✅ По 50 години целосно се реновира Институтот за трансфузиона медицина
✅ Завршена е првата фаза на реконструкција на стара Градска болница во Скопје
✅ Поставена монтажна болница до Инфективната клиника во Скопје
Корона-кризата уште еднаш потврди дека здравствениот систем е еден од клучните столбови на државата. Продолжуваме да вложуваме во здравството, за да обезбедиме негова стабилност и одржливост. Соочени со најголемиот здравствен предизвик не застанавме да работиме. Можеме уште повеќе и уште подобро! – порача Николовски.