Со големо жалење ја примив веста за смртта на повредениот овчар од кратовскиот регион.
Денеска се пратени дописи во кои побарав детални извештаи за случајот од градоначалникот на општина Кратово, од Центарот за управување со кризи и од МВР. Освен детални извештаи, за трагичниот настан од ЦУК и од МВР побарав да спроведат внатрешна контрола, за постапувањето на надлежните службеници за случајот.Човечкиот живот нема цена, а кога станува збор за спасување на човечки живот, секој треба да го даде максимумот, а не да се оградува од одговорност.
Во вакви случаеви не постои фразата „не сме надлежни“, сите сме надлежни кога е во прашање човечки живот. Неприфатливо и недозволиво е во 21 век, да се носи човек на носилики, а институциите да не можат да детeктираат, како и на никој начин да се постапи во конкретни животозагрозувачки случаеви.
Итно лоцирање на одговорност, соодветни мерки, санкции и расчистување на случајот.
ФБ статус на Љупчо Николовски