По повод 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски заедно со премиерот Зоран Заев, со амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнз и претставници на Сојузот на борци се поклонија пред споменикот подигнат во чест на петмина американски пилоти, во село Вратница, тетовско.

2„Вечна слава на сите кои ги дадоа своите животи во борбата против фашизмот, низ која се издигна и македонската државност, водена од начелата за правда, солидарност и еднаквост.
Откако нивните авиони биле соборени од окупаторот на нашата територија, двајца ги загубиле животите а останатите 3 се спасени.“ – порача Николовски.

1„Акцијата за нивно спасување од страната на населението од Вратница е редок и скапоцен настан кој на уште еден силен начин ја потврдува јасната и непоколеблива определба на македонскиот народ и на припадниците на сите други етнички заедници за време на Втората светска војна на страната на прогресивните сили.“ – порача Николовски.