Вицепремиерот Љупчо Николовски при посетата во Битола посочи дека премиерот Заев е најзаслужен за влезот на Република Северна Македонија во НАТО, како 30-та рамноправна членка во најмоќниот безбедносен сојуз, со што е остварен еден од стратешките приоритети кој што беше ветување на многу генерации на политичари наназад, но кои немаа храброст тоа да го направат

При тоа истакна дека за забрзување на целиот процес за почеток на преговорите со ЕУ е потребен максимален заеднички напор и влог.

„Верувам дека во тој процес на преговори ќе ги впрегнеме сите сили, дека ќе нема партии, дека ќе нема групи, туку дека сите заедно, со сите стручни и професионални кадри, луѓе кои што имаат капацитет, вредности и компетенции, да ги вградиме во таа трансформација на општеството и што побрзо да ги завршиме преговорите, изјави Николовски.