Министерот за земјоделство Љупчо Николовски деновиве е во посета на земјоделските производители и агробизнисмени кои се корисници на разните мерки кои ги носи Владата за развој на агросекторот.

Патот го однесе во Берово и тоа кај две вредни жени земјоделки, Силвана и Лидија.

„Не послужи времето за теренски посети кај убави, драги луѓе. Силвана е регистриран мал производител на храна, добитничка на грант до 10.000 евра со кои средства има набавено машина за преработка на сливата и вадење семка, и мала сушара која денес сефте, заедно ја отворивме. Силвана произведува разни вкусни производи од слива во кои и самите се уверивме“ – вели Николовски.

– Продолжуваме да даваме силна поддршка на малите производители на храна. За една година успеавме да имаме скоро 2.000 нови регистрирани оператори во АХВ.

Ете тоа е резултатот од успешните мерки кои ги креираме, а луѓето ги препознаваат.

На гости сме кај Лидија, жена земјоделка која се занимава со сточарство, добитничка на трактор. Поразговаравме за новите мерки што ги креиравме за сточарството.

✅Од 4.000 на 12.000 денари ја зголемуваме поддршката за женски грла говеда постари од 12 месеци.

✅Се зголемува и поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет од 400 на 1.000 денари.

✅Со новиот модел за субвенционирање ставивме ред, добивајќи ја реалната бројка на животни за кои се исплаќа финасиска поддршка.

✅Ја продолжуваме поддршката кон сточарите во набавка на високо педигриран добиток. Мерка важна за сточарите, со која го обновуваме сточниот фонд.

Драго ми е што наидуваме на поддршка за се она што го работиме во корист на земјоделците. Жените земјоделки ни се на врвот на нашите политики, тоа досега го докажавме и покажавме многу пати. Така и ќе продолжиме во иднина, да бидеме вистински партнери и да водиме грижа за секој еден земјоделец, порача Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.