Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари заедничка средба на Секторската група за земјоделство и рурален развој.

408215825_890089169151587_5164939096954240121_n

– Главната стратешка цел на нашата Влада е фокусирање на зголемување на конкурентноста на земјоделското производство и одржлив развој на руралните средини. Во текот на денот ќе имаме можност да ги споредиме нашите гледишта за реформите, со општа поента, подобра идна соработка во широкиот земјоделски сектор на нашата земја во начинот на пристапување во ЕУ и одржливоста на нашите политики, порача Николовски.

408174532_890089065818264_6822242326124271062_n

Додава дека денес имаме амбициозни рамки кои го поддржуваат усогласувањето на правната рамка на земјата со правото на ЕУ.

-Развојот на земјоделството и руралните средини е еден од нашите приоритети, втемелен во Националната стратегија за рурален развој за периодот 2021-2027. Посакувам успешна работа, и уште поголема соработка за уште поголеми заеднички успеси, порача ресорниот министер.

408135196_890089129151591_2207364694356660266_n